Демонстрантите повторно беснеат- нови демонстрации во Киев

Речиси 70.000 демонстранти на опозицијата денеска повторно се собраа на плоштадот Независност во Киев во обид да извршат притисок врз претседателот Виктор Јанукович да именува прозападна влада и заземе поумерен став спрема Европската унија.

Митингот е организиран за време на најдолгата политичка криза во Украина. 

Пред демонстрантите зборуваа активисти на опозицијата кои јасно ставија до знаење дека нема да попуштат во своите барања.

"Нема да се предадеме, ќе одиме и подалеку", нагласи активистот Дмитро Булатов.

 

09.02.2014 - 14:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа