ВИДЕО: Конечно се случи- ова е најдолго очекуваниот бакнеж

Конечно го дочекавме и првиот бакнеж на Шелдон Купер и Ејми Фара Фаулер. Поминаа речиси 4 години откако ја започнаа својата врска во серијата Big Bang Theory и веќе крајно време беше да се случи долгоочекуваниот бакнеж.

Но, кога станува збор за Шелдон дури и обичниот бакнеж не може да помине обично.

Ејми и Шелдон им се придружиле на Бернадет и Хауард на романтична вечера за Свети Валентајн, но Ејми се пожалила на недостатокот на романтика. Во тој момент Шелдон веднаш изреагирал:
„Ако сакаш романтика, еве ти ја“ – рекол тој и романтично ја бакнал.

09.02.2014 - 14:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега