Вистинска љубов- го извеслал Атланскиот океан за да ја запроси својата девојка

Британецот  Хари Мартин – Дрејер за да ја запроси својата девојка вложил голем напор .

Тој извесла дури 4.828 километри долж Атланскиот океан за да и го даде вереничкиот прстен.

Заедно со Хари веслал и неговиот пријател Алекс Бранд и покрај бурите, високите бранови, екстремните горештини и ајкулите, за на крајот по 50 дена да стигне на Барбадос и да ја запроси девојката, која за негова среќа се согласи да се омажи за него.

“Одвај можевме да одиме кога стигнавме”  – изјави Хари, а неговата девојка Луси била воодушевена и додала дека сето ова било фантастично и за неа едно големо изненадување.

09.02.2014 - 14:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега