Политичките партии на Албанците од Јужна Србија ќе ги бојкотираат предвремените избори

Политичките партии на Албанците од Јужна Србија, освен Партијата за демократско дејствување, одлучија да ги бојкотираат предвремените парламентарни избори во земјата, кои ќе се одржат следниот месец. Тие велат дека ваквата одлука ја донеле бидејќи српските власти не направиле ништо за решавање на проблемите на Албанците во долината Прешево.

Претставници на две политички партии на Албанците потврдија дека сите албански партии од Прешево, Бујановац и Медвеѓа решиле да ги бојкотираат изборите во март.

Партијата за демократско дејствување утре на состанок на своите највисоки партиски органи ќе донесе конечна одлука дали ќе учествува на изборите.

Во реонот на Медвеѓа, Прешево и Бујановац дејствуваат седум албански политички партии. 

09.02.2014 - 14:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега