Вооружен напад во руска црква- убиени монахиња и верник
Најмалку две лица се убиени, а шест се ранети кога вооружен маж отворил оган врз верници во главната православна црква на рускиот источен остров Сахалин.
Во нападот се убиение една монахиња и верник.
Напаѓачот, кој има околу 25 години, работел како чувар за една приватна фирма за обезбедување и засега се уште не е познат мотивот за нападот .
Повеќето од повредените верници се застрелани во нозете и нивните животи не се во опасност. Истражните органи соопштија дека психијатри ќе разговараат со осомничениот и ќе се обидат да ја утврдат неговата психичка состојба.
Според информациите со кои располага полицијата инцидентот не е поврзан со Зимските олимписки игри кои се одржуваат во Сочи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа