Ставрески: Се подобрува инфраструктурата во Крива Паланка

Крива Паланка доби седум нови улици финансирани преку Проектот за подобрување на општинските услуги

Mинистерот за финансии Зоран Ставрески, кој присуствуваше на официјалното пуштање во употреба на новите улици, истакна дека овој преокт се реализира со средства од Светска банка преку Министерството за финансии.

- Општина Крива Паланка има добиено 50.000 денари  од кои околу 40 илјади денари се наманети за подобрување на транспортната и патната инфраструктура, а 10 милиони се употребени за набавка на нови возила и опрема за јавното претпријатие „Комуналец“, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски истакна дека во 2013 година реализирал 365 дела од комуналната, инфраструктрната сфера, урбанизмот, животната средина, локалниот економски развој, образованието, науката, спорот, културата...

Денеска беа пуштени во употреба крак еден и два од улицата „Осоговска“ во населбата Житен склад, а изградени се и пуштени во употреба улиците „Никола Тесла“, „Наско Тамбурков“, „Горан Стојановски“, „Климент Охридски“ и „Пиринска“

09.02.2014 - 13:36
Фото: 
Влада.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега