Општина Охрид ги доби објектите на Мауцкер

 

Објектите лоцирани на стрелиштето Мауцкер и официјално и припаднаа на Општина Охрид.

Државниот секретар на Министерството за одбрана, Сашо Стефаноски на охридскиот градоначалник Никола Бакрачески симболично му ги предаде клучевите од објектите, како и Одлуката на Владата на Република Македонија со која тие преминуваат во целосна сопственост на Општина Охрид.

- Се работи за 13 објекти со вкупна површина од 1.530 метри квадратни и земјиште со вкупна површина од 949.789 метри квадратни кои  согласно планот за дивестирање на несуштинскиот имот не се во функција на Министерството и Армијата. Со дивестирањето на несуштинскиот имот, Владата на Република Македонија и Министерството за одбрана го помагаат и го поттикнуваат локалниот економски развој, а во случајов на општина Охрид и се овозможува овој имот да го користи за свои цели, односно да го намени во мала индустриска зона со која ќе привлече инвеститори и ќе отвори нови работни места, изјави Стефаноски.

Градоначалникот на Охрид Бакрачески ја потенцираше одличната институционална соработка помеѓу Општина Охрид и Министерството за одбрана и го презентираше планот со кој се дефинира намената на овој недвижен имот. 

09.02.2014 - 13:20
Фото: 
Denesen.mk

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега