Тројна победа за Холанѓаните на 5.000 метри - брзо лизгање на ЗОИ

Трите медали на денешната трка во брзо лизгање на Олимписките игри во Сочи ги освоија натпреварувачи од Холандија. 

Носителот на златниот медал Свен Крамер постигна време 6:10.76 што претставува нов рекорд на Олимпијадите.
 
Среброто му припадна на Јан Блокхиусен кој имаше 4,95 секунди послабо време од победникот.
 
Бронзениот медал го освои Јорит Бергсма кој патеката од 5 километри ја излизга со резултат 6:16.66.
 

08.02.2014 - 15:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега