Куќа вредна 2 милиони евра може да биде ваша за само 10 евра! - еве како

Дали некогаш сте фантазирале за тоа да имате убава куќа во некоја друга земја во светот, каде ќе може да отидете кога ќе посакате? Сега имате можност за тоа.

Една жена од Франција си ја продава куќата вредна 2 милиони евра, за само 10 евра. Сигурно се прашувате во што е трикот. Имено, 39-годишната Наташа Будлер веќе долго време не успеала да ја продаде куќата која веќе одамна ја продава, па затоа се решила да направи нешто креативно, а и корисно. Оваа Французинка, за 10 евра продава влезница за игра во која наградата е нејзината куќа. Ќе добиете две прашања на кои треба точно да одговорите. Едното од прашањата ќе о одговорите од логика, а за другото треба да имате само општо знаење. Ако дадете точен одговор ќе влезете во вториот потесен круг, и се така, додека не ја добиете куќата.

Французинката се надева дека ќе продаде доволен број влезници за да ја собере сумата за вредноста на нејизната куќа, бидејќи така ќе биде задоволна и таа, и оној кој за само десет евра ќе може да живее во нејзината прекрасна куќа.

 

 

06.02.2014 - 14:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега