„Тепачка“ на конкурсот за пилоти- над 160 пријавени за 12 позиции

 

Иако има уште 2 недели до крајот, на конкурсот на МВР за пилоти веќе има огромен број на пријавени. 165 кандидати досега изразиле желба да влезат помеѓу 12те кои ќе добијат можност за вработување. Според информациите на Пресс24, интерес пројавиле и припаднички на понежниот пол. 11 жени сакаат да бидат дел од оваа елитна единица.

115 лица апликациите ги доставиле по електронски пат а педесетмина аплицирале во полициските станици. Конкурсот трае 28 дена од денот на објавата што значи дека заинетерсираните имаат уште две недели за да го пројават својот интерес.

По проверката на моторичките способности, општо образовниот и псхилошки тест, тестот за познавање на англиски јазик кој мора да биде на високо ниво, најдобрите ќе мора да ја поминат проверката во касарната Страшо Пинџур пред инструкторите од Елбит.  Само најдобрите ќе имаат можност да го добијата потребното знаење.

 

На конкурсот кој стартуваше на 25ти минатиот месец може да се пријавуваат кандидати и со средно и со виско образование. Пријавите се поднесуваат во сите сектои за внатрешни работи и на веб страницата на МВР. Работа во елитната хеликоптерска единица ќе добијат шест со средно и шест со високо образование. 

 

06.02.2014 - 13:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега