Наместо капки по грешка во очите си ставила лепак!
Жена од истокот на Кина доживеала вистинска ноќна мора кога наместо да си стави капки за очи, таа по грешка си ставила лепак во очите.
Како што пренесува "Shanghaiist.com", 47-годишната жена чиј идентитет не е познат, во џебот си носела капки за очи бидејќи имала воспаление. Еден ден додека била на работното место, капките кои ги извадила од џебот, ги ставила на бирото близу до лепакот, а потоа направила грешка чии последици можеле да бидат фатални. Таа си ставила од лепакот наместо од капките, па по неколку капки сфатила дека очите ужасно ја печат и дека не може да гледа.
За среќа, настанот не завршил трагично бидејќи жената навреме била однесена во амбуланта каде докторите се погрижиле да не и се оштети видот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа