Водителката на Икс-Фактор: Додека не го водев шоуто никој не ме забележуваше

Водителката на Икс-Фактор, АНа Михајловски, си ја отвори душата и за српските медиуми раскажа како на неа влијаат сите негативни коментари кои последниве неколку недели ги добива на сметка на својот изглед.

Околу промената на својата фризура, Ана вели дека кратка коса и била желба уште од детството, но порано немала храброст да се одлучи на овој чекор.

- Со месеци постепено ја кратев косата. Во основно училиште имав кратка коса и долго размислував да ја скратам, но некако се плашев. Сега сум доволно самоуверена, па си дозволив еден ваков експеримент, вели водителката.

Ана додава и дека не е ослабена, туку луѓето дури сега започнале да ја приметуваат, откако го води Икс-Фактор.

-„Пред неколку месеци имав два килограми помалку и никој не коментираше дека сум преслаба, но тогаш не бев водителка на X фактор. Со години изгледам исто, можеби момчешката фризура што ја имам сега е виновна за впечатокот. Како и да е периодов добивам повеќе комплименти од критики.“

За потсетување, водителката последниве месеци добиваше негативни коментари за својот изглед, а се појавија информации и дека направила неколку пластични операции. Ана веднаш ги демантираше овие информации и им порача на сите кои се загрижени за нејзината тежина и изглед да и пратат храна.

06.02.2014 - 11:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега