Лекарите предупредуваат: Следуваат тешки денови за семејството на Шумахер

Лекарите кои 24 часа будно ја следат состојбата на седумкратниот шампион во Формула 1, предупредуваат дека наредните денови ќе бидат тешки за семејството на  Шумахер.

- Будењето од кома не е како на филм. Тоа е постепен процес кој ќе биде многу тежот за семејството на Шумахер. Ефектите од повредата на мозокот можат да идат катастрофални. Можат да го променат и одењето, зборувањето...Можат да ја променат цела личност, велат лекарите.

За потсетување, неодамна Шумахер ги отвори очите само за кратко откако веќе повеќе од месец е во кома по несреќата на француските Алпи.

 

06.02.2014 - 09:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега