Се урна покрив на хипермаркет во Ница- две лица повредени

Најмалку две лица се повредени вечерва при урување на покрив на хипермаркет на „Карфур“ во југоисточниот француски град Ница.

На местото на инцидентот пристигнаа спасувачи и противопожарни тимови, кои работат на расчистување на урнатините.

Хипермаркетот на „Карфур“ е со површина од 14.809 квадратни метри и е најголема продавница во Ница.

Во овој регион на Франција веќе неколку дена паѓаат поројни дождови, придружени од силни ветрови. 

Причината за несреќата засега не е утврдена.

 

05.02.2014 - 20:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа