Голем пожар во Аргентина- 9лица загинати а седум повредени

Девет лица загинаа, седуммина се повредени, а двајца се водат како исчезнати при пожар во зграда со архивска документација во агрентинскиот главен град Буенос Аирес.

Загинатите се пожарникари и службеници на цивилната заштита, врз кои се урнал ѕид. Според здравствените власти, некои од повредените се наоѓаат во животна опасност, а продолжува потрагата по уште две лица, чија судбина не е позната.

Зградата, во која избувнал пожарот е депо на компанијата „Ајрон маунтан“, чие седиште се наоѓа е во Бостон. Оваа компанија раководи, ги собира и чува информациите на повеќе од 156.000 фирми и организации во 36 држави. Според владин претставник, меѓу уништените архиви има и документи на аргентинскиот банкарски сектор.

Причината за пожарот засега е непозната.

05.02.2014 - 18:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа