Истражување- глувците ќе достигнат големина на овца

 

Според научните истражувања се верува дека во иднина глувците би можеле да еволуираат и да достигнат големина колку онаа на денешните овци, се со цел да ги пополнат празните места во животинскиот свет, кои ќе настанат со изумирањето на одредени животински видови.

„Со текот на времето животните еволуираат до онаа форма која би им овозможила преживување. Само како пример, кога живееле диносаурусите, постоеле цицачи кои што биле многу мали, како денешните стаорци, а тоа било така затоа што диносаурусите заземале високо место во животинскиот свет. Дури кога изумреле диносаурусите, овие животни можеле да еволуираат и да станат поголеми, па дел од нив се коњите и носорозите. Со текот на времето глувците би можеле да израснат барем колку најголемиот глодар во светот денес, кој достигнува тежина од 80 килограми. Секако, доколку има повеќе простор за развој, глувците би можеле да станат уште поголеми“, вели геологот Јан Заласиевиќ од Универзитетот во Лестер.

Примери за оваа теорија веќе може да се забележат на таканаречените острови за глувци, изолирани региони каде што живеат глувци кои луѓето ги воведоа во екосистем во кој тие се најдоминантниот вид.

„Пред педесет милиони години, далечниот предок на синиот кит бил голем колку волк”, додава Заласиевиќ.

05.02.2014 - 17:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега