Патници заборавени во автобус на писта

Дванаесет патници кои требало да полетаат со авион на германската компанија „Џерманвингс“ од Келн за Цирих, останале заборавени во автобус на пистата на келнскиот аеродромот.

Авионската компанија „Џерманвингс“ признала дека се „случила грешка“ и дека патниците наместо во авионот завршиле во автобус,објави  весникот „Келнер Шатнданцајгер“,

Кусо пред планираното полетување компанијата ги информирала патниците дека авионот е во дефект и дека мора да излезат од него и да чекаат да дојде друго летало. Кога стигнал новиот авион поголемиот дел од патниците се сместиле во него, но 12-мината останале заборавени во автобус на пистата.

Некои патниците во автобусот кога го здогледале авионот на „Џерманвингс“ како полетува почнале да се шегуваат дека можеби тоа е нивното летало, воопшто не ни претпоставувајќи дека се во право.

- Можеме само да им се извиниме на сите, изјави потпаролот на авиокомпанијата Хајнц-Јоаким Шетес. - Станува збор за сплет на несреќни случаи, дополни тој.

Патниците стигнале во Цирих вчера, каде ги чекал нивниот багаж, кој во швајцарскиот град пристигнал во понеделникот со авионот што ги заборавил.

05.02.2014 - 16:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега