Самоубиствен напад во пакистан - загинаа 8 лица, а 30 се повредени

Загинаа осум лица, а  30 се ранети во експлозија во густо населен кварт во немирниот пакистански град Пешавар, пренесоа британските медиуми.

Нападот бил изведен предвечер во кварт на шиитското малцинство, кое се почесто е подложено на напади од вооружените групи на сунитското мнозинство, забележаа француските медиуми.

Според полициски извори, нападот е дело на атентатор самоубиец.

Претходно денеска виден претставник на шиитската заедница беше убиен во атентат во истиот кварт на Пешавар.

Американските медиуми информираат за девет убиени во експлозијата, што се случи пред хотел.

Атентатот е извршен во време кога Владата се обидува да почне мировни преговори со талибанците и беше објавен составот на екипите за преговори, забележаа француските медиуми. Првиот круг, закажан за денеска, не се одржа откако владината екипа изјави дека има уште прашања за составот и надлежностите на тројцата талибански преговарачи.

04.02.2014 - 19:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега