Папата неделно добива 30 вреќи со писма од граѓаните

Монсињор Џулијано Галорини кој е шеф на канцеларијата во првиот отсек на Државниот секретаријат за внатрешни работи соопшти дека папата Франциско добива 30 вреќи писма недела, отприлика шест илјади во шест работни денови, што годишно би биле повеќе од 300.000 илјади.

Неговата канцеларија ја собира во една соба, каде заедно со монсињор работат тројца службеници, од кои една монахиња. Тие четворица прво ги разделуваат писмата по јазици во картонски кутии на нивните маси или на подот, а потоа ги читаат и всушност ги филтираат што од тоа ќе оди кај папата во раце, а што ќе решат сами или да достават на некој друг.

“ Тоа најчесто се молби за молитви односно утеха”, вели Галорини.

“ Причина најчесто се несреќи и болести. Молат молтивен разговор за оздравување. Или ги опишуваат своите тежини со финансиската ситуација” додава тој. 

Најитните и најважните писма доаѓаат во рацете на двајца лични секретари на папата, тие да ги разгледаат и да ги дадат на папата. На масата на папата доаѓаат сите деликатни писма кои се однесуваат на прашањето совест - тврди Галорини. Барањата за економска помош се упатуваат на територијално надлежниот Каритас, да види што тука може да се направи.

На писмата упатени до папата  обично во негово име (и со негово одобрување) одговараат високи куријални функционери, како заменик државен секретар или секретар за односи со државите, па и кардинал државен секретар кога протоколот тоа го бара (неговата должност е изедначена во дипломатската пресеанса со премиерската), додека папата лично ги потпишува само на шефовите на државите и секако, кога испраќа службени писма и дописи на (енциклики, апостолски наговори, мото пропорио т.н.) како поглавар на Католичката црква. Секако, ја потпишува и својата приватна кореспонденција, но таа не е предмет на овој преглед. 

04.02.2014 - 12:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега