ВИДЕО: Погледнете како ќе изгледа новиот Камп Ноу

Управата на шпанскиот гигант Барселона, го промовираше новиот проект за тоа како во иднина би изгледал стадионот на каталонскиот клуб „Ноу Камп“. 

Најголемиот европски фудбалски храм ќе биде проширен за 104 илјади квадратни метри и ќе има покриени трибини. Градбата ќе го чини шпанскиот гигант 400 милиони евра. 

Стадионот кој е изграден во 1957 година, денеска собира 105 илјади лица. 

Со дополнителното проширување, планирано е да се изградат и сали за кошарка и ракомет, како и 5 илјади места за автомобили. 

За да можат навивачите сосема нормално да ги следат натпреварите, работите ќе се изведуваат во текот на летото, за време на паузата.

04.02.2014 - 10:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа