Оскаровецот Филип Сејмур Хофман пронајден мртов во својот дом
Актерот Филип Сејмур Хофман е пронајден мртов во неговиот апартман во Њујорк.
Како што пренесуваат свеските медиуми, телото на 46-годишниот актер било пронајдено во бањата вчера наутро од страна на неговиот личен асистент.
Причината за смртта допрва треба да се утврдува, но според неофицијални информации актерот веројатно умрел од последиците на предозирање со дрога, со оглед на тоа што во неговата рака имало забодена игла. Тој веќе подолго време се борел со зависноста.
За потсетување, Хофман беше добитник на наградата Оскар за главна улога во филмот “Капоти” од 2005 година каде го толкуваше контроверзниот писател Труман Капоти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа