Почниа познатиот оскаровец

Американскиот актер и режисер Филип Симор Хофман (46) е пронајден мртов во својот дом, а причина за смртта најверојатно е предозирање со наркотици, пренесоа американските медиуми.

Телото на актерот го пронашол во бањата во неделата наутро неговиот личен асистент, пренесува Волстрит Журнал.

Како што соопшти полицијата, причината за смртта допрва треба да се утврди.

Меѓутоа како што неофицијално се дознава, актерот веројатно умрел од последиците на предозирање со дрога, со оглед на тоа што во неговата рака имало забодена игла.

02.02.2014 - 21:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега