Будењето на Шумахер од кома може да трае со месеци?

Се уште нема гаранции дека седумкратниот шампион во Формула1, Михаил Шумахер, ќе се разбуди од кома.

По несреќата која му се случи пред повеќе од еден месец за време на скијањето на француските Алпи, лекарите кои се 24 часа со него, постепено го намалуваат анестетикот и ги зголемуваат тестовите на неговите рефлекси, со цел да утврдат дали нервите кои водат до мозокот и назад во мускулите функционираат, пренесува „Дејли Мејл“.

Лекарите секојдневно му ги масираат и мускулите за тие да не атрофираат. Во изминатите неколку денови биле извршени неколку невролошки тестови, на кои наводно шампионот одговорил позитивно. Сепак, според експертите будењето од кома би можело да трае со недели, па и со месеци.

 

02.02.2014 - 12:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега