Поради невреме и силни поплави евакуирани околу илјада луѓе во Италија
Централниот и североисточен дел на Италија е зафатен од невреме и силни поплави, а во околината на Пиза евакуирани се околу илјада луѓе.
Поплавени се и некои делови од главниот град Рим, каде сообраќајот се одвива отежнато.
Најтешко е погоден градот Пиза каде училиштата се затворени, а прогласена е вонредна состојба поради надојдената река Арно.
Властите на препорака на министерството за животна средина прогласија вонредна состојба во регионот на Лигури. Според проценките штетата од невремето во регионот изнесува околу 350 милиони евра.
Северниот дел на Италија е зафатен со врнежи од снег, додека јужните делови од поројни дождови.
Температурите на Апенинскиот Полуостров повторно се зголемени, што претставува опасност од одрон на лавини на планините.
Метеоролозите предвидуваат дека невремето ќе продолжи и во текот на викендот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа