Македонија и Бугарија со специјален фонд за кредитирање заеднички проекти

Финансиерите од Македонската и Бугарската банка за развој почнаа разговори за создавање специјален фонд за кредитирање заеднички проекти и подобрување на трговската размена меѓу двете земји.

Oд Бугарската банка велат дека се подготвени со краткорочни заеми да го кредитираат извозот на фирмите кон Македонија.

На иницијатива на Македонско-Бугарската стопанска комора, директорите на двете државни банки и нивни експерти ги разгледуваа и иницијативите за  заедничко финасирање или гаранции за покрупни инвестициски проекти од заемен интерес за двете економии, со  можност за креирање на балкански продукт и бренд,  стимулитивен и профитабилен за  извоз на трети пазари.

31.01.2014 - 11:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега