Пајакот направи парче низ Скопје

 

Сообраќајната полиција вчера казнила четворица возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол, 16 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, девет возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосница и 12 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин.

Специјалното возило „пајак“ отстранило вкупно 91 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

СПоред информациите од МВР, поради проширување и реконструкција на коловозот на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ денеска сообраќајот ќе се одвива со изменет режим и ќе биде пренасочен од крстосницата со булевар „8 Септември“ до крстосницата со улицата „Московска“.

31.01.2014 - 09:14
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега