Ја осудиле на два дена а останала пет месеци во затвор

Една жена  Кларк Коунти во Индијана по грешка е задржана во затвор пет месеци откако судот наредил таму да помине само два дена.

Судијата Џери Џејкоб ја осудил 34-годишната Дестини Хофман на максимални 48 часа во затвор затоа што не успеала да го мине тестот за дрога, што бил еден од условите на судската програма во која била вклучена за рехабилитација откако го прекрши законот.

Истиот судија ја предупредил канцеларијата на шерифот да не ја пуштаат се додека не добијат „понатамошен налог од судот“ и сега останува нејасно зошто тоа воопшто го побарал, особено затоа што се работи за ненасилна личност.

Судијата после тоа го одложувал рочиштето и и одбивал било какво право на советување.

Дестини веројатно се уште би била во затворот ако заменичката на тужителот Михаела Гилберт не забележала дека нешто не е во ред кога барала некои стари акти.

Гилберт веднаш организирала сослушување. На Хофман најпосле и е доделен адвокат кој веднаш порачал целиот случај да „резултира со тужба против округот“.

После се судијата Џејкоб не се појавил на суд, а целиот случај одби да го коментира

29.01.2014 - 19:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега