Карлеуша за Цеца: Се додека вакви лошотии имаат фанови Србија ќе биде во мрак
Карлеуша повторно се огласи на својот Твитер профил. Денеска откако повторно беше одложено судењето на Светлана Ражнатовиќ Цеца, со која Карлеуша одамна е во војна, напиша дека се додека лошотии и криминалци како неа имаат фанови, Србија ќе биде во мрак.
Таа додаде и дека е залудно што се апсат кога потоа министрите им се во прв ред на концертите: - Е тато не вреди што ги апсите, кога министрите им доаѓаат на концерт, напиша таа.
29.01.2014 - 14:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа