Град Скопје: Цената на такси превозот останува иста
Со предлог-oдлуката за измена и дополнување на Одлуката за авто-такси превоз на патници на подрачјето на градот Скопје, која е на дневен ред на наредната седница на Советот, единствено се намалува бројот на лиценцирани такси возила од „2 600“ на „2 400“ возила, реагираат од Град Скопје откако дел од медиумите објавија информации дека со предложените измени и дополнувања на Одлуката за авто-такси превоз ќе се намали стартната цена за такси превозот.
-Причината за пристапување кон предложените изменувања и дополнувања на постојната одлука е што извесен период регистерот за издадени лиценци за обавување на авто-такси превоз на патници во градот Скопје бележи застој во евидентирањето на бројот на превозници, што како показател укажува намален интерес за обавување на оваа дејност. Исто така, се забележува и намален интерес на граѓаните како корисници на такси превозот. Како резултат на ваквата неповолна состојба, такси превозниците доставија барање за намалување на утврдениот максимален број на такси возила со кои може да се врши авто такси превоз на патници. Имајќи го сето ова предвид, се цени дека се создадени услови, максималниот број на такси возила кој сега е утврден на 2600 да биде намален на 2400 како регулаторен зафат во функција на создавање претпоставки за обезбедува-ње на подобри услови за работење на лиценцираните такси превозници и подобар квалитет на превозот за граѓаните. Се друго во Одлуката останува исто, а споменатите текстови во некои од медиумите се само шпекулации кои немаат реална основа и воопшто не се предмет на актот кој ќе го разгледува Советот на Град Скопје, информираат од Град Скопје
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа