Скопската зимска служба на терен

Скопската зимска служба вечерва е на терен. Снежните врнежи во главниот град не предизвикуваат проблеми во сообраќајот. Од Град Скопеј велат дека во моментов се интервенира на критичните точки во градот, односно на повисоките места. Сол се истура на улиците на Водно, Припор, Црниче, Радишани и останатите повисоки зони. Се третираат и сите мостови и надвозници. Од Град Скопје велат дека имаат доволно сол за да се справат со снегот како и доволно механизација за да одговоар на предизвиците.

28.01.2014 - 22:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега