Кашест снег на патиштата низ Македонија

Поради снежни врнежи со променлив интензитет сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози на места со остатоци од кашест снег кој останува по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.

Како што соопшти Диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат“, на патните правци Гостивар-Маврово-Дебар и Кичево (Колари)-Стража е воведена забрана за движење на тешки троварни возила поради интензивни снежни врнежи.

Во клисурите и усеците, како што се наведува, можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани-Делчево, Виница-Берово, Маврово-Дебар-Струга, Гостивар-Стража, Д.Капија-Удово и Катланово-Велес. Дежурните екипи на ЈП Македонија пат, информираат оттаму,  се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци.

28.01.2014 - 19:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега