Канаѓаните доаѓаат да градат скијачки центар на Галичица

Фирмата ЕКОСИНГ Маунтаин Ресорт Планерс од Каната веќе ја скрои физибилити студијата за скијачкиот центар на Галичица и во април се очекува да заврши со мастер планот дознава Охрид 1. По две недели се очекува да се распише и оглас за пројавување  на јавен интерес за концесии за скијачкиот центар , за веднаш по овој оглас, во месеците мај или јуни ќе биде објавен тендер за изградба на скијачкиот центар на Галичица дознава Охрид 1 од свои извори во кабинетот на охридскиот градоначалник.

Според првичните информации до кои дојде Охрид 1 , според физибилити студијата скијачкиот центар на Галичица ќе чини околу 45 милиони евра.

 

28.01.2014 - 19:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега