Минимална плата изразена во пива - со минималец во Македонија ќе купите 196 пива

За минимална месечна плата во Србија можете да купите 186 пива, а во Црна Гора дури 83, што ја прави оваа држава во најлоша позиција во регионот. Така за минимална месечна плата на Косово можете да купите 129 пива во Босна и Херцеговина 167, во Македонија 196, во Хрватска 212.

Регионалниот лидер е Албанија, каде за минимална месечна плата може да купите 216 пива. 

Белгија е апсолутен лидер на оваа мапа. Во таа земја, за минимална месечна плата можете да купите дури 1028 пива месечно. 

Во Велика Британија и Ирска можете да купите 374, односно 333 пива месечно, а во Германија 521. 

28.01.2014 - 18:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега