Утре облаци викендов дожд и снег - какво време не очекува неделава?

Времето во Македонија утре претпладне ќе биде облачно со врнежи од снег, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус два до два, а дневната од два до осум степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, a попладне со сончеви периоди и слаб северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до пет степени.

Од среда попладне, па до крајот на работната недела ќе продолжи период на променливо облачно време, повремено со доста сонце, а нов влажен бран со дожд и снег ќе има во деновите од викендот.

28.01.2014 - 15:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега