Убиен средношколец во училиште во Косовска Митровица

Дваесет годишниот А.С. е убиен денеска во претпладневната смена во средното техничко училиште „Архитект Синани“ во Косовска Митровица.

Портпаролот на полицијата Авни Захити изјави дека убиството се случило во ходникот на училиштето каде ученикот бил смртно застрелан од свој соученик.

Двајцата учеле во иста паралелка. Сторителот на убиството е уапсен. Мотивите се уште не се познати.

Градоначалникот на Косовска Митровица, Агим Бахтири веднаш пристигна во училиштето и по средбата со директорот изјави дека овој „трагичен настан“ ги погодил сите, најавувајќи преземање мерки во училиштата со цел „ученииците да учат, а не да бидат жртви“.

28.01.2014 - 15:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа