Украинскиот парламент укина девет „антипротестни“ закони

Украинскиот Парламент денеска укина девет од 12-те закони, што беа донесени на 16 јануари со цел да се спречат протестите, но доведоа до радикализација на проевропската опозиција во земјата.

На вонредната седница на Парламентот, дирекно пренесувана на телевизија, беше прикажано гласањето во кое 361 од вкупно 412-те пратеници присутни во салата го поддржаа поништувањето на законите.

Оваа одлука беше поздравена со аплауз на дел од пратениците.

28.01.2014 - 14:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега