Романија: Поранешна министерка осудена на пет години затвор поради корупција

Министерка за млади и спорт Моника Јакоб Риџи денеска беше осудена на пет години затвор од страна на Врховниот касационен суд на Романија поради пречекорување на службените овластувања, корупција и ненаменско трошење државни средства.

Според истрагата, работејќи како министерка во владата на десниот центар меѓу декември 2008 и јули 2009 година, Риџи склучувала договори со приватни фирми по поголеми цени, што Владата ја чинело приближно 650.000 евра во 2009 година.

Романски медиуми наведуваат дека поранешната министерка по отслужувањето на затворската казна ќе остане три години и без одредени граѓански права.

Во истиот случај на уште неколку службеници во Министерството им е изречена затворска казна во различно времетраење, меѓу останатото на поранешната советничка на министерката Јоана Елени Варста исто така пет години, како и на генералниот директор во Директоратот за економски прашања и човечки ресурси во Министерството Паул Ѓакону од две и пол години.

 

Обвинителството соопшти дека Риџи се обидела да ги избрише од компјутерот доказите за своите прекршоци.

27.01.2014 - 20:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега