Полска: Вкупно 17 лица загинаа како последица на студот

Владиниот кризен центар на Полска соопшти дека изминатите 48 часа, вкупно 17 лица починале од хипотермија, со што бројот на жртви во изминатите четири дена достигна 26 лица.

Како причина за смртта се посочува студот за време на викендот, откако температурите се симнаа до минус 20 Целзиусови степени во некои региони.

Оваа зима студениот бран до Полска стигна многу доцна, но нагло. До минатата недела температурите беа исклучително благи за овој дел од годината.

27.01.2014 - 16:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега