Платил за "ајпад" но добил плочка
Улични продавачи во градот Серес, Калифорнија, нуделе „ајпади“ и телевизори, но всушност продавале подни плочки и обоени парчиња дрво.
Лажните продавачи, електронските уреди ги нуделе по далеку пониски цени од официјалните и така успеале да ги намамамат купувачите.
Еден од купувачите бил уверен дека добил „ајпад“ бидејќи плочката била уверливо спакувана во заштитен најлон и на неа било нацртано логото на „Ејпл“.
Откако пристигнал дома и видел дека всушност тоа е една обична плочка “, ја открил измамата по што случајот го пријавил во полиција.
27.01.2014 - 13:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа