Конечно: Викендов подгответе се за снег

Викендов во Македонија не очекува заладување и врнежи од снег. Според податоците на Метеопро, врнежите од снег ќе бидат најсилни во сабота наутро, додека доцна попладне и вечерта воздух од север ќе донесе и услови за појава на снежни врнежи на поголем дел од пониските места во северниот дел од земјава.  Во текот на сабота вечер со понатамошниот продор на студениот воздух, услови за релативно слаб снег ќе има и во централниот регион, како и во повисокоте делови во југозападниот крај.

Во недела, ќе провејува снег во поголемиот дел од земјава. Позначителен снег ќе има на Беласица, Кожув и Ниџе. Најголема снежна покривка ќе има на планините во северозападниот дел од Македонија - Шара, Бистра и Корабскиот масив.

Инаку ,денеска не очекува облачно време со врнежи од дожд.  Поинтензивни врнежи ќе има во западните и јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од нула до четири, а дневната од седум до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, попладне со врнежи од дожд и со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

24.01.2014 - 12:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега