Домакинствата во Грција стравуваат за нивните домови

Според последните направени анализи објавени во грчки печатени медиуми, голем дел од домаќинствата во Грција се под притисок поради економската криза и еден на секои тројца во таа држава стравува да не го загуби домот поради долгови.

Според податоците, 87 отсто од Грците имаат свој сопствен имот. Во 97 отсто домаќинства има значителен пад на приходите и намалување на квалитетот на живот.

Во 1,4 милиони домаќинства во Грција имаат по најмалку еден невработен што е 40,2 отсто од вкупниот број, а над еден милион Грци се без заштита ако останат без работа.

Финансиски обврски спрема банките имаат 44,3 отсто од населението, а едно од секои десет домаќинства било приморано да го продаде имотот за да се справи со кризата.

Едно од три домаќинства е на праг да доцни од плаќања спрема државата и банките заради финансиски проблеми. Единствено добро во таа анализа е што 55,8 отсто од грчките домаќинства зачувале доверба во државната здравствена услуга.

24.01.2014 - 09:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега