Ивица Коневски е најуспешен скопски градоначлник

Градоначалникот на скопската населба Аеродром, Ивица Коневски е избран за најуспешен градоначалник во Скопје за 2013 година.

На второто место, според анкетата што ја спроведе „Скопјеинфо“, се наоѓа градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, а на третото место е Билјана Беличанец-Алексиќ, градоначалник на општина Кисела Вода.

По изборот, градоначалникот Коневски најави дека ќе продолжи со реализацијата на проектите кои се во интерес на жителите од неговата општина.

- За мене ова претставува огромна чест и поттик, но и голема одговорност да продолжиме со исто темпо во интерес на жителите на општина Аеродром. Во следниот период ќе се фокусираме на завршување на проектите што ги започнавме во 2013 година, а тоа се изградба на инфраструктура на сите оние места каде се градат нови згради, завршување на изградбата на новиот спортски центар „Јане Сандански“, повеќе паркови и зеленила, поставување на автомаски систем за наводнување и многу други проекти, истакна Коневски.

Прогласувањето на тројцата најуспешни градоначалници во Скопје го организираше порталот „Скопје инфо“. Во изборот за најуспешен градоначалник учествуваа 25 илјади граѓани.

 

 

24.01.2014 - 00:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега