Миркуловски развали во Хернинг - најмногу асистенции и најголема минутажа
Со седум постигнати гола, македонскиот ракометар Филип Миркуловски беше играч на вчерашниот натпревар против Шпанија. Тој ја презема лидерската улога и го одигра својот најпозитивен меч на Европското првенство.
-Игравме рамноправно колку што можевме, игравме стрпливо напад без многу технички грешки, добро во одбрана и 20, 25 минути бевме во егал позиција против светскиот првак Шпанија. Но во вториот дел сето тоа го немавме во второто полувреме, лошо отворивме, повторно направивме непотребни технички грешки и ја разигравме Шпанија, која знаеше рутинирано да стигне до победата, вели Миркуловски.
Тој е прв на листата по бројот на асистенции (26), и е втор најдобар стрелец зад Лазаров со 21 постигнат гол. Миркуловски, со преку 4 часа и 40 минути е и македонскиот репрезентативец кој има најголема минутажа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа