Момче побарало од Бајден да се прават чоколадни куршуми
- Едно момче од Милвоки доби личен одговор од потпретседателот на САД, Џо Бајден на неговиот предлог безбедноста во земјата да се реши со куршуми од чоколадо.
Седумгодишното момче од второ одделение во основно училиште во Милвоки, во американската држава Висконсин, му напиша писмо на Бајден и неколку американски претставници каде ја изнесе неговата идеја како да го направат светот посигурен.
Тој во писмото истакнува дека доколку би се користеле чоколадни куршуми, никој не би бил повреден, соопшти учителката на момчето, Џени Аичер.
Детето, а и останатите во училиштето се изненадиле кога во понеделникот во поштата стигнал одговорот од Бајден, рачно напишан.
Во писмото потпретседателот на САД вели дека се согласува дека чоколадните куршуми ќе ја направат земјата посигурна и среќна. Пораката се завршува со зборовите „Луѓето обожуваат чоколадо. Ти си добро момче“.