Калуѓерка се породила а „не била свесна“ дека е бремена

 

Триесет и едно годишна католичка калуѓерка се породила во болница во италијанскиот град Риети, иако „не била свесна“ дека е бремена.

 Таа своето машко дете го крстила Франциско по сегашниот Папа. Градоначалникот на ова место кое има 47.000 жители, меѓутоа, побара од медиумите да имаат почит кон младата мајка и кон нејзиното новороденче.

Еден од раководителите на манастирот им изјави на италијанските медиуми дека тој сепак „верува оти калуѓерката не била свесна за бременоста“. Таа самата им рекла на лекарите во болницата дека чувствувала повремено болки во стомакот, но дека „немала поим оти ќе стане мајка“.

18.01.2014 - 10:49
Фото: 
Таратур

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега