ФОТО: Даниел Кајмакоски задржан на Царина

Македонскиот финалист на Х-фактор ги освои срцата на многумина. Тоа го докажува и оваа фотографија објавена на официјалната Фејсбук страна на Х-фактор, на која Даниел им дели автограми на македонските цариници.

Инаку, Кајмакоски вечерва ќе настапи во Охрид, како гостин на концертот на регионалната ѕвезда Жељко Јоксимовиќ. Концертот ќе се одржи во спортската сала „Биљанини извори“.

 

 

17.01.2014 - 14:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа