Средба на директори за одбранбена политика од земјите членки на САД во АРМ
Денеска во Домот на Армијата на Република Македонија ќе се одржи експертска средба на ниво на директори за одбранбена политика од земјите - членки на САД - Јадранската повелба.
На состанокот ќе присуствува државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефановски и претставници од САД, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Косово Словенија, Србија и Канцеларијата за врска на НАТО во Република Македонија.
Целта на средбата е натамошно унапредување на одбранбената соработка и подготовка на претстојниот состанок на министрите за одбрана во рамките на САД-Јадранската повелба што ќе се одржи во јуни во Охрид.
ФОТО: Утрински