За еден ден седум сообраќајки во Скопје

Во текот изминатото деноноќие во Скопје се случиле вкупно седум сообраќајни несреќи. Пет од несреќите се со последица материјална штета, а една е со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобил еден возач.

Вчера наутро се случила и една железничка незгода на железничката пруга Скопје – Кичево, зад „Енергетика“ во склоп на „Железара“. Возот кој се движел по железничката пруга удрил во пешак. Пешакот заработил тешки повреди и починал на лице место.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, вчера се случиле уште пет незгоди со мала материјална штета, во кои е пополнет Европскиот извештај.

Сообраќајната полиција вчера откри поголем број прекршоци. Санкционирани се девет неисправни возила и 18 возачи кои ги управувале возилата по истекот на важноста на сообраќајната дозвола. Казнети се и шестмина возачи кои ги управувале возилата без возачка дозвола и 10 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилото. Сообраќајната полиција открила и санкционирала и четворица возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај. Казни си заработиле и 11 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, а од нив шестмина возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место. Санкционирани биле и седуммина возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците.

Со специјалното возило „пајак“  биле отстранети вкупно 83 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

-В недела, 19 јануари, по повод верскиот празник Богојавление – Водици традиционално на повеќе места во Градот Скопје ќе се фрла светиот крст во водите на реката Вардар. Главната манифестација ќе се одржи на мостот на реката Вардар кај „Холидеј ин“ каде што сообраќајот по ул. „Филип Втори Македонски“ ќе биде пренасочен по околните сообраќајници. Исто така и на Железничкиот мост на реката Вардар во населба Хром сообраќајот по ул. „Војвода Васил Чакаларов“ ќе биде пренасочен по околните сообраќајници, информираат денеска од полицијата.

17.01.2014 - 09:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега