Фирмите на Заев со годишна чиста заработка од 2 милиони евра

Четиринаесет фирми кои се во корелација или се во сопственост на семејството Заеви, оствариле годишна заработка од 2 милиони евра нето чиста добивка во текот на 2012 година. Според податоците на НетпресЗаеви оствариле чиста заработка од цели 2 милиони евра за само една година работа, што укажува дека праксата е сосема спротивна од она што секојдненво го говори СДСМ. 

„Лично јас спаѓам се’  уште во средната класа, но доаѓам од богато семејство, кое има 820 вработени. Kапиталот е проценет на шест-седум милиони евра, во кредити се исто толку пет-шест милиони евра, апсолутно влезени да се докажеме пред општеството обидувајќи се редовно да дадеме плата и да ги платиме даноците на државата и да генерираме нови производи, нови продукции, кои значат нови инвестиции. С` што имаме е овде во Македонија. Мојот анкетен лист е реално достапен на јавноста. Мојот личен имот заедно со моите и со возилата на сопругата вреди 60-70-80 илјади евра“, изјави Заев годинава, пренесува Нетпрес.

Сепак, овие податоци говорат дека неговите тендери не биле воопшто мали како што тој тврдеше претходно.

16.01.2014 - 13:02
Фото: 
Нетпрес

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега