Грипот зема голем замав - пет лица починаа во Грција

Пет смртни случаи како последица на заболување од сезонскиот грип се регистрирани во текот на зимава во Грција.

Меѓу починатите се две жени на воздраст од 31 и 54 години, и тројца мажи на возраст од 55, 63 и 73 години.

Сите тие не биле вакцинирани против грип и страдале од различни заболувања.

На интензивните одделенија во болниците во Грција се сместени 14 сериозни случаи на заболени од грип.

16.01.2014 - 10:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега